No open-access location is known for this record yet.
No open-access location is known for this record yet.
Овој практикум првенствено е наменет како учебно помагало за студентите на Економскиот факултет – Прилеп, кои во првиот циклус студии следат предмет(и) од областа на електронски бизнис, но можат да го користат и сите заинтересирани што сакаат да се запознаат со некои од најуспешните интернет бизниси и нивните основачи, како и да имаат преглед наосновните поими поврзани со е-бизнис светот. При подготовката на практикумот, генерално, се користени интернет референци што се релевантни за делот којшто се обработува. Првиот дел од практикумот, со наслов “Онлајн бизниси и интернет претприемачи”, е подготвен од страна на проф. д-р Марјан Ангелески, додека вториот дел со наслов “Поимник за е-бизнис”, го подготви доц. д-р Рената Петревска-Нечкоска. И покрај тоа што овој практикум обработува само мал дел успешни интернет сториина коишто постојано им се придружуваат нови, со исклучителна динамика и бројност, водено е сметка тие да бидат релевантен репрезент на моделот што го претставуваат и влијанието што го имаат во бизнис окружувањето. Исто така, со поимникот се опфатени педесетина поими коишто се значајни за проблематиката поврзана со областа е-бизнис, па оттукадвете листи се отворени за натамошно надополнување. Би сакале да изразиме голема благодарност за континуираната поддршка што ни ја дадоа голем број добронамерници во текот на создавањето на овој практикум. Изразуваме благодарност до рецензентите, почитуваните професори, д-р Ѓорѓи Манчески, редовен професор на Економскиот факултет - Прилеп и д-р Цветко Андреевски, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство - Охрид, за рецензијата на ова учебно помагало, несебичната помош и дадените корисни забелешки и сугестии. Исто така, сакаме да им се заблагодариме на нашите семејства за бескрајната трпеливост, ненадоместливото време и поддршката што ни ја даваа и ја добиваме при нашата реализација на долготрајните обврски и подвизи што не предизвикуваат и исполнуваат на професионален план.
Loading…
Imported from OpenAlex (CC0) — nothing here is generated.